Во земјава се раѓаат сè помалку деца, покажува извештајот на Државниот завод за статистика.



Според извештајот, бројот на бебиња родени во 2023 година е намален за 7,4% во однос на 2022 година.

Во 2023 година биле родени 16.737 бебиња, нешто помалку од 50% од машки пол.

Според градовите и општините, во Скопје се родени повеќе бебиња – 5.665, а најмногу во општина Чаири – 888.

Ако се направи споредба, во 1995 година кога во Македонија биле родени 29.886 бебиња, бројот на новородени во 2023 година е намален за над 13.000.