Home Македонија Во Македонија има над 620.000 парчиња оружје, од кои 450.000 – нелегално

Во Македонија има над 620.000 парчиња оружје, од кои 450.000 – нелегално

Последните истражувања говорат дека во земјава има над 620 илјади парчиња оружје, од кои 450 илјади се сметаат за нелегални. Тоа значи дека на 100 луѓе 30 имаат оружје, од кои осумина имаат дозвола за поседува оружје, а 22 немаат.
Податоците покажуваат дека има многу оружје по глава на жител .Македонија е на седмото место во истражувањето кое опфаќаше 34  земји на Европската унија, на Западниот Балкан и Молдавија, за поседување на нелегално оружје.
За да се добие дозвола за оружје, треба да се исполнувата следниве услови – лицето да има наполнето 18 години, да е деловно способен, здравствено способно за поседување и носење оружје, да има живеалиште во земјава со важечка лична карта, како и да има има оправдана причина за набавување на оружје.Алсат.мк