Во петокот на 23.05.2025 на стадионот “Никола Мантов” во Кочани, по иницијатива и покровителство на Ротари Клуб Кочани-Виница и Станицата за технички преглед Еуро Контрол – Облешево, а во организација на Open Fun Football Schools од Скопје, се одржаа спортски забавни игри за деца.
Со поддршка на наставниците по физичко образование и директорите на основните училишта учествуваа околу 140 деца од 4-то одделение од сите основни училишта од општина Кочани.
Целта на овие спортски игри e поттикнување на натпреварувачкиот дух на децата, учење на нови игри, совладување на спортски вештини, но пред се забава, меѓусебно запознавање и понатамошно дружење.

Претставникот на Ротари Клуб Кочани – Виница Ангела Соколова и на Станицата за технички преглед Еуро Контрол од Облешево Мартин Стојковски, истакнаа дека и во иднина ќе поддржат иницијативи кои внесуваат позитивна енергија, забава и дружење на децата, а се надеваат и дека дружењето со Open Fun Football Schools ќе прерасне во традиција во Кочани.






