Турската државна компанија „Макине вр Кимиа Ендустрис“ (МКЕ) ќе гради фабрика за муниција за што вчера бил потпишан и договор, соопшти косовскиот премиер Албин Курти.
МКЕ се обврзува да пушти во употреба фабрика за муниција која ќе произведува различни калибри, според стандардите на НАТО, објави Курти на Фејсбук.
Покрај производствените машини, овој договор вклучува и обука на персоналот, одржување на определено време, како и опрема за тестирање на квалитетот и системи за калибрација.
Со почетокот на производството, фабриката ќе работи како јавно претпријатие и 100 отсто локален бренд, напиша Курти на Фејсбук.






