Во Конгресот на САД пуштен во оптек нацрт-закон за купување на Гренланд

Во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера бил пуштен во оптек нацрт-закон за одобрување преговори за купување на Гренланд од страна на САД



Нацрт-законот со назив „Да го направиме Гренланд повторно голем“, доколку биде усвоен, ќе му овозможи на Трамп да влезе во преговори со Данска на 20 јануари, кога ќе ја преземе функцијата претседател.

Трамп претходно изјави дека сака да го направи Гренланд дел од Соединетите држави и не ја отфрли можноста да користи воена или економска моќ за да ја убеди Данска да ја предаде.

На американските избори на 5 ноември, републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом и Сенатот.

„Конгресот со ова го овластува претседателот, почнувајќи од 12:01 часот по EST на 20 јануари 2025 година, да се обиде да влезе во преговори со Кралството Данска за да обезбеди стекнување на Гренланд“, се вели во нацрт-законот.

Гренланд е под контрола на Данска со векови, прво како колонија, а сега како полусуверена област под Данското кралство. Подлежи на данскиот устав, што значи дека за секоја промена на неговиот правен статус ќе бидат потребни уставни амандмани.

Гренландскиот премиер Муте Егеде, кој претходно се залагаше за независност на островот, постојано изјави дека островот не е на продажба и дека граѓаните треба да одлучат за нивната иднина.

Предлог до Трамп: Кога веќе го купуваш Гренланд, купи ја и земјата на твојата жена