„Во клиниките во Скопје ќе останат само 14 пациенти, кои што се лекуваат од повредите во пожарот во Кочани. На лекување во странство остануваат 91 пациент.“ – изјави министерот за здравство Арбен Таравари вчера на прес-конференција.
За отворање Центар за изгореници Таравари посочи дека разговарале со директорот на градската општа болница „8 Септември“ во Скопје да биде пренаменет Ковид-центарот за таа цел, додавајќи дека ќе бидат потребни дополнителни човечки ресурси.
Македонска информативна агенција – МИА





