Македонците низ светот се солидаризираат во тагата на родната Македонија по страшната трагедијата што се случи во неделата.
„По повод трагичниот настан во кој животот го загубија 59 млади луѓе во Кочани, во недела на 23 Март 2025 во 9:00 часот, во црквата Св. Климент Охридски во Канбера ќе се оддржи помен и заупокоена света литургија, парастос за упокоените, како и молитва за потполно оздравување на сите повредени што се во болниците во државата и ширум светот.
Со почит, Протојереј Раде Митрев, Снежана Димитровска, секретар Св. Климент Охридски, соопштија на социјалните мрежи од Православната заедница во Канбера.






