„Ако чекаме уште 25 години проблемот само ќе се влоши.. не постои магично решение”, изјави Метју Нимиц.
Во интервју за ANT1 TV, во пресрет на денешната рунда обновени разговори за разликите околу името во Љујорк, медијаторот Метју Нимиц изјави дека терминот „Македонија“ ќе биде вклучен во името, бидејќи повеќе од 100 земји веќе го признаа како такво.
Нимиц и претходно наговести дека на маса на средбата со амбасадорите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис ќе претстави рамка која ќе вклучува предлози кои и порано биле разгледувани.
Она околу што веројатно „ќе се кршат копја“ е додавките околу терминот Македонија, опсегпот на употребта на новото име, изведениците и колку тоа ќе задира во идентитетските прашања како што е нацијата, јазикот…
„Има и други помошни прашања покрај прашањето за името, како неговата употреба, прашањето за идентитетот, нешто што е причина за сериозна загриженост од страна на северниот сосед и сите треба да сме исклучително чувствителни за тоа. Има загриженост и во Грција, за прашања од историјата, за сопственоста врз историското наследство, за учебниците. Овие дополнителни прашања кои ги знаеме, се важни, но јас мислам дека има решенија за нив“, вели Нимиц.
Ова (ќе) ги разгневи оние политички кругови во Грција кои отфрлаа секаква можност терминот Македонија да биде вклучен во името на соседот што се оспорува уште од осамостојувањето на Македонија.
Помалиот коалициски партнер во владата „Независни Грци“ (АНЕЛ), Панос Каменос, вчера и ден пред пред разговорите во Њујорк повторно презентираше свој предлог за решавање на деценискиот спор околу името.ж инсистирајќи на „словенскиот збор“ Вардарска.
Каменос кој е и министер за одбрана на твитер постираше карта на некогашното кралство Југославија од 1937 поделена на девет географски региони, и каде областа каде што се протега денешна Македонија е впишана како Вардарска.
Во недела во Солун се одржи голем антимакедонски протестен собир на кои ќе земат учество претставници и симпатизери на пан-хеленските и организации и здруженија на Грци од грчкиот регион Македонија од дијаспората.
Дел од нив вчера имаа средба со поранешниот конзервативен премиер Костас Караманлис, во чиј мандат Атина го блокираше приемот на Македонија во НАТО на Самитот во бУкурешт во 2008 година.
Вњсникот „Реал њуз“, пренесува дека Караманлис, чие семејство е од северна Грција, изјавил дека „не постои македонска нација и ова мора да биде јасно и официјално прифатено“.





