Се прават преговори, се договараат детали, се „шушка“ за можни купопродажни зделки, кој се од големите играчи со многу пари е во игра? Народна банка на Македонија ги објави податоците за активата на 13-те банки кои функционираат и работат во земјава, а кои се интересни не само сами по себе, туку и од аспект на можни сопственички промени, за кои се шпекулира дека се можни на домашниот банкарски, но и и пошироко, финансиски пазар. Да видиме колку се големи и колку пораснале домашните банкарски играчи, според најновите достапни бројки на централната банка, а кои се однесуваат за крајот на минатата голдина, објави Фактор.

Комерцијална банка има на крајот на декември 2024 година вкупна актива од 2,905 милијарди евра. Тоа значи дека според активата оваа банка веќе „опасно“ се доближува до психолошката граница од три милијарди евра, што и би можело да се очекува веќе и во наредниот квартал, ако се има предвид дека во однос на периодот од три месеци претходно, односно заклучно со третото тримесечје од минатата година, активата на Комерцијална банка пораснала за дури 157 милиони евра, а сличен па дури и поголем раст, имало и во претходните квартали.
Втора на листата на големата банкарска перпорка од поодамна фигурира Стопанска банка Скопје, најстарата македонска банка, која заклучно со крајот на декември лани „тежела“ 2,34 милијарди евра, што е раст за 125 милиони евра во однос на претходните три месеци.
НЛБ Банка е долг период трета на листата на трите „најмоќни банки“ според активата, и на крајот на ланската година таа изнесувала 2,12 милијарди евра. НЛБ Банка имала одличен раст од 183 милиони евра во однос на три месеци претходно, и на крајорт на ланската годфина веќе ја надминува границата од две милијарди евра, со оглед што на крајот на третиот квартал лани нејзината актива вредеше 1,95 милијарди евра.
Уште две банки од големата петорка имаат „мега“ актива, и нејзин одличен раст. Имено, Халк банка достигна 1,855 милијарди евра, што е зголемување за 183 милиони евра, додека, пак, уште една одлична банка, Шпаркасе, дојде до 1,749 милиони евра, што е раст за 170 милиони евра.
Следува групата на три средни банки. Прокредит банка има актива од 846 милиони евра, што е раст од околу 46 милиони евра, додека, пак, УНИ Банка дошла до вредност од 456 милиони евра, со што доживеала големување за 26 милиони евра во однос на претходниот квартал. И, државната Развојна банка стигнала до актива од 303 милиони евра, што во однос на крајот на септември лани е зголемување за 12 милиони евра.
И потоа следува „малата“ банкарска петорка, каде што има одредени промени. Па да одиме со ред.
Централна кооперативна банка е предводник на оваа група, со актива од 202 милиони евра, што е зголемување за над 10 милиони евра во однос на три месеци претходно. На второ место од групата мали банки во последното рангирање, односно за крајот на ланската година, испливува ТТК банка, со актива од над 179,2 милиони евра, што е одличен раст од повеќе од 12 милиони евра. А, зад ТТК банка сега доаѓа Стопанска банка Битола, со актива од 178,8 милиони евра, и каде што растот е помал и изнесува 4 милиони евра за три месеци. На 12 место од банките или на четврто од малите банки си останува Силк Роуд банка, со капитал од 176,8 милиони евра, што е одличен раст за близу 21 милиони евра. И, Капитал банка е последнат од петорката мали банки, со тоа што треба да се спомене дека таа има одличен раст од 20 милиони евра за два месеци, достигнувајќи на крајот на минатата година сума од 71,1 милиони евра.
Треба да се спомене дека групата мали банки се оние до актива од 224,4 милиони евра, над таа сума па се до 903,3 милиони евра се средни банки, и оние со актива над 903,3 милиони евра се големи банки. Повеќе на Фактор.мк





