Лидерот на политичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов, вчера изјави дека разговарал со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за состојбата на државата на меѓународен план, но и за состојбите со соседна РС Македонија, пренесува Бугарската национална телевизија (БНТ).
„Од разговорот разбрав дека последните две-три години во ЕУ и НАТО имаше многу процеси што се однесуваат на Северна Македонија, а кои се одвиваат без учество на Бугарија, од кои земјата изгуби многу време. Затоа мора да формираме влада и да го зацврстиме нашиот став“, вели лидерот на ГЕРБ.
Смета дека Бугарија е должна да успее да формира редовна влада поради меѓународната ситуација.
Од почетокот на неделава преговарачкиот тим на ГРБ-СДС води разговори за изнаоѓање на мнозинство.
Според него, преговорите за мнозинство и влада се одвиваат добро, а колку помалку се зборува толку се поголеми шансите за успех.
Досега премиерот Христијан Мицкоски неколкупати посочи дека за прашањето на нашиот евроинтегративен процес потребно е во Бугарија да се формира влада, па потоа да се разговара за позициите.





