Државната изборна комисија ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија.
Во претседателската трка се пријавија и ги исполнија условите вкупно седум кандидати: Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски, Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски, Биљана Ванковска и Стефче Јакимовски.





