По паѓањето на Башар ал Асад израел започна воздушни и копнени операции низ Сирија. Израелските сили извршија околу 480 напади во изминатите два дена, насочени кон стратешки воени објекти, додека израелската морнарица ја гаѓаше сириската флота.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац ја опиша операцијата како „голем успех“, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху го поздрави падот на режимот на Асад како „ново и драматично поглавје“.
Нетанјаху изјави дека ваквиот развој на настаните е резултат на израелските напади врз Хамас, Хезболах и Иран и дека геополитичката слика на Блискиот Исток се менува.
ОН и голем дел од меѓународната заедница ги критикуваат израелските потези кои ги сметаат за нарушување на територијалниот интегритет на Сирија и поттикнување на натамошна нестабилност во Сирија.
Од 1967 година Израел ја окупира Голанската висорамнина на тројната граница меѓу Израел, Либан и Сирија, а за време на владеењето на Асад извршуваше напади врз Сирија.






