За 28 мај, е закажана конститутивната седница на новиот парламентарен состав.



Согласно изборните резултати, најмногу пратеници ќе има коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ 58, коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ ќе има 18 пратеници, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ ќе има исто 18 пратеници, коалицијата ВЛЕН 14, а Левица и ЗНАМ по шест пратеници.

Медиумите веќе објавуваат неофицијални информации за поделбата на ресорите и за можниот нов претседател на Собрнаието.

Тимчо Муцунски, кој е дел од работната група на ВМРО-ДПМНЕ за преговори за новата влада синоќа изјави дека партијата е блиску до конечен договор со коалицијата Вреди без да посочува детали.

Муцунски: Веќе е повеќе од јасно дека тоа што го ветивме ќе го реализираме

Наскоро би можело да биде објавено дека е постигнат конечен договор за влада, а преговорите се во тек.