„Во Секретаријатот за европски прашања оделе со 30 луѓе за реформската агенда во Брисел. Сега ќе одат само двајца.



Ситно, ситно, но се собира“

Oва го изјави Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „24 Анализа“ и додаде дека буџетот е преголем и набилдан, па според тоа има простор да се крати од многу места за да може пензиите до март следната година да се зголемат линеарно за 5.000 денари…

Димитриеска Кочоска додаде дека за зголемени пензии простор за пари има и кај нереализираната предвидена динамика на трошење во капиталните проекти.

„Ќе ги погледнеме и капиталните расходи, таму не е нешто како што треба. Полниме наменски сметки а не се трошат. Префрлале пари за сметки, проектот е мртвило, не мрднува а парите никој не смее да ги чепне. Барем да ги орочиш па да добиеш камата. Кеш менаџментот бил многу лош и треба да се најдат механизми да се подобри тој дел“, истакна министерката.