Канадската компанија Lucara Diamond Corp пронајде дијамант од 2.492 карати во својот рудник Karowe во Боцвана, еден од најголемите ископани досега, соопшти компанијата.
Лукара не го откри квалитетот на скапоцениот камен, но неговата големина го прави вториот по големина груб дијамант некогаш откриен, по 3.106-каратниот дијамант Culinan, пронајден во соседна Јужна Африка во 1905 година.
Culinan, по брусењето и полирањето, стана дел од накитот на британската круна.
Денеска компанијата ќе му го подари дијамантот на претседателот на Боцвана, Мокгвееци Масиси.
Боцвана е водечки светски производител на дијаманти по вредност.
Јужноафриканската држава минатиот месец предложи закон со кој ќе се бара од рударските компании да продадат 24 отсто од акциите во рудниците на локални инвеститори, освен ако владата не ја искористи својата опција да го купи уделот.






