Во БиХ може да патувате само со лична карта

Властите на Босна и Херцеговина одобруваат патување на граѓаните на Македонија во таа земја со лична карта.



Информацијата е потврдемнна во телефонскиот разговор што утрово го имале дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, усо министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.