Членовите на собранието на Барселона започнале со собирање потписи за смена на сегашниот претседател Хозе Бартомеу кому му се припишуваат редица неуспеси. Повеќе од 3 илјади членови се потпишале на петицијата за недоверба во актуелната управа на Каталонците, но тоа е мала бројка бидејќи за промени се потребни минимум 16 илјади. Забелешките за Бартомеу се пролонгирање на договор со Меси, продажбата на Нејмар, испуштањето на Верати и Кутињо, нерегулираниот статус на Иниеста.




