Во базата Ендруз слета,,Ноќна Стража” леталото познато како ,,Авион на судниот ден” објавија израелски извори на социјалната мрежа Х поранешен Твитер и на Телеграм.
Леталото „Ноќна стража“ (позната и како „Авион на судниот ден“), кој е авионот за команда за итни случаи на претседателот на САД, штотуку слета во заедничката база Ендруз надвор од Вашингтон, следејќи многу необична патека на летот од Шривпорт, Луизијана”, пишува профилот Inside Israel кој објаснува дека историски гледано, овој авион се активира за време на сериозни кризи, вклучувајќи воени или нуклеарни закани.
Последна позната претседателска употреба на овој авион се случила на 11 септември 2001 година за време на нападите на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Според профилот има две потенцијални причини за полетување на авионот на судниот ден:
1️⃣ Најдобар случај: Подготовка за воена акција на САД врз Иран со зголемена претседателска безбедност.
2️⃣ Најлош случај: Очекување на нуклеарна ескалација на Блискиот Исток.

Според израелскиот аналитичар Амир Царфати авионот полетал од воздухопловната база Барксдејл во Луизијана.
Е-4Б, официјално наречен Национален центар за воздушно-десантни операции (NAOC), е летачки команден центар за претседателот на САД и високи воени лидери за време на нуклеарна војна или други национални вонредни ситуации. Тој е отпорен на електромагнетни празнења и нуклеарни експлозии и ретко се распоредува, а една од неговите најзначајни употреби се случи на 11 септември 2001 година, пишува Царфати.






