Додека Тирана отворено се поставува против грчкото малцинство и го оспорува хелинизамот на Чемерија, а албанскиот министер за надворешни работи ја напаѓа Грција и провокативно повикува на европската култура и принципи, албанскиот образовен систем продолжува да печати книги што ја прикажуваат како албанска земјата од Епир до Превеза, но и Лерин, Костур, Гревена, дел од ПЈРМ, од Србија и од Црна Гора, пишуваат грчки медиуми.
„Географскиот атлас на Албанија и Териториите“ се изучува во средно образование и на провокативен и неприфатлив начин ја нагласува визијата за Голема Албанија, презентирајќи ги како албански земји не само Епир и Западна Македонија туку и целиот западен регион од ПЈРМ југозападни провинции во Србија и дел од Црна Гора. Секако цело Косово е вклучено во оваа карта,
На 4 страницапод наслов „Карта на албанските територии“, териториите „земени од Грција“ се обележани со жолто, а сите топоними од Епир до Арта, како и Костур, Лерин се пишуваат со нивните албански имиња (Kosrtur и Follorine). На истата мапа, целата западна Македонија и Тетово, цело Косово, дел од Србија и голем дел од Црна Гора, вклучувајќи го и главниот град на Подгорица, се појавуваат на истата мапа како дел од „одвоените албански територии”.

На следната страница 5, насловена како„Политичка карта на албанските територии“ повторно се појавува мапата на Голема Албанија…а на 14 страница градот Гревена во Грција е напишан со албанско име Greben.
Во атласот, Голема Албанија се анализира исцрпно додека, се разбира, систематски се сокрива дека „поделените албански земји“ не биле ништо повеќе од земји што биле пренесени под албанска окупација во име на Отоманската империја, пишуваат грчки медиуми.





