Партијата на Али Ахмети, Демократската унија за интеграција, има предност во речиси сите албански општини во кои победникот ќе се одлучува во вториот круг на локалните избори на 29 октомври.
Во Тетово, Теута Арифи со освоени 13.2675 неприкосновено води пред кандидатот и лидер на Беса, Билал Касами кој во првиот круг освоил 8.767 гласови.
Во Гостивар со тесна предност води Невзат Бејта со 12.095 пред Арбен Таравари кој освои 11.6700 гласови.
Интересна е ситуацијата во Струга каде со освоени 9.289 води Зијадин Села, кандидат и лидер на Алијансата на Албанците, пред Рамиз Мерко од ДУИ кој има 7.916 гласови.
Но, на трето место е кандидатот на СДСМ со 7.100 гласови кои во вториот круг многу веројатно ќе одат на контото на ДУИ.
Во Дебар, каде излезноста беше сао 46 приоценти гласале 8.500 луѓе, Ружди Љата од ДУИ освои 3.419 гласови, а Арбен Аголи од Алијанса на Албанците 2.587.
Во Чаир, Висар Ганиу од ДУИ во предност 10.741 наспроти 9.3470 гласови кои ги освои Зекирија Ибраими од „Беса“.
Во Сарај ДУИ во предност по првиот круг со освоени 7.963 наспроти 4.582 на кандидатот на „Беса“.
Втор круг ќе има и во општина Липково каде што исто така води кандидатот на интегративците.
ДУИ уште синоќа славеше победа во Кичево и Пласница кои ги доби во првиот круг.
Не беше изненадување Арачиново каде исходот беше 3.067 освоени гласови од СДСМ наспроти 1.025 за ДУИ.




