Македонското друштво „Илинден” – Тирана објави дека албанскиот Институт за статистика ги информирал дека во целиот материјал за пописните резултати зборот „северномакедонци” го коригирал со Македонци.
„Ова е уште еден успех на друштвото, по нашето барање доставено на 10-ти минатиот месец до Институтот за статистика каде најостро ја осудивме злоупотребата на терминот „северномакедонци“ од Институтот за статистика за македонското национално малциство, кое од секогаш е признато во Република Албанија“, стои во објавата на Македонското друштво.Во објавата се додава дека Институтот за статистика на Република Албанија „позитивно одговорил на барањето и во целокупниот материјал за пописните резултати сега стои Македонци”.
Пописот беше спроведен лани.






