Албанската полиција запленила десет тони марихуана во Валона со што продолжува серијата скандали кои сериозно ја тресат владата на Еди Рама, a oпозицијата побара негова смена.
Полицијата потврди дека запленила десет тони дрога, откако веста ја соопшти поранешниот премиер Сали Бериша, кој го обвини Еди Рама дека ги затвора очите пред трговијата со наркотици во Албанија.
Неколку луѓе се уапсени во текот на акцијата, но се очекува да има уште апсења, наведуваат албански медиуми.
Скандалот изби откако италијанската полиција во една од своите многубројни акции за сузбивање на трговијата со дрога од Албанија во Италија го уапси М.Х, балканскиот Пабло Ескобар, како што го нарекуваат албанските медиуми.





