Во последните 24 месеци министерот за одбрана Зоран Јолевски, неговите заменици Арбен Лабеништа, Илми Селами и Беким Максути, како и државниот секретар Елизабета Чуповска – Ристова од службените картички потрошиле речиси над 30 илјади евра на репрезентација, службени ручеци и вечери.
Според емисијата Топ – Тема на Ваша страна на Телма поранешниот министер Јолевски во последните две години, на службени патувања во странство и спиење во хотели, потрошил околу еден милион и двесте илјади денари или 19 и пол илјади евра (половината од парите на сместување).
Доколку Јолевски во просек годишно во странство патувал по 30 дена во годината односно 60 за двете годинни, тоа значи дека за хотел плаќал нешто над 160 евра од вечер за спиење и уште толку на други трошоци.
Сегашниот заменик министер Беким Максути, кој е на таа функција од април минатата година, за 14 месеци потрошил 420 илјади денари или 6.800 евра на репрезентативни трошоци. Максути трошел по околу 1000 денари секој ден додека бил на функција.
Само за сместување и ресторан на две посети на Велика Британија и Белгија потрошил 2000 евра а останатите пари се наплатени во ресторани во Скопје и Тетово. Омилени му се Гурмет и Бос, вели анализата на Телма.
Илми Селами, кој беше заменик миистер 11 месеци, од службената картичка потрошил 163 илјади денари или 2.600 евра на ручеци и вечери. За разлика од неговиот наследник, тој најчесто „службените состаноци“ како што официјално ги пријавувале трошоците ги држел во Мираколи, Калабрија и Бурими.
Арбен Лабеништа, за четири месеци во 2015 година со службената картичка платил 83 илјади денари или 1350 евра за ручеци и вечери во ресторани во Скопје и Струга.
Се на се тројцата заменици министри во Одбрана за две години успеале да потрошат речиси 11 илјади евра за руч
Единствена од врвот на одбраната која што ручала во обични продавници и сендвичари е државниот секретар Елизабета Чуповска – Ристова која за 24 месеци потрошила над 1800 евра од службената картичка.
Според Топ Тема на ваша страна во Одбрана немало лимит за трошење од средствата за репрезентација.





