Волково: Кираџија го убил газдата, па си пресудил

 

Во скопско Волково, потстанар со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел под ќирија, а го повредил и неговиот малолетен син, по што се самоубил.



Случајот го потврдија од МВР.

„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош.

Како можен сторител на настанот се посочува М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Жителите за Плусинфо раскажуваат дека ги разбудиле пукотници од огнено оружје, проследени со сирени на полицијата и на Брзата помош.

Пред очите на соседите се открила ужасна глетка – телото на сопственикот лежело неподвижно и безживотно на скалите, во локва крв.

Но, трагедијата не застанала тука. Во очај и паника, убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи.

По извесно време, со последен истрел ставил точка и на сопствениот живот.