Вознемиреност во Мала Речица, екс министер на ДУИ добил кривична пријава

Вознемиреност владее денеска во седиштето на ДУИ во Мала Речица откако екс министер на Али Ахмети добил кривична пријава.



Партиски извори не откриваат кој е министерот и за што се гони но велат дека се работи за политички реваншизам.

Убедени се дека екс министерот е невин и дека на суд ќе се докаже дека не е виновен по поднесената кривична пријава.

Владата денеска или претходните денови не објавила дека некоја институција гони екс министер на ДУИ.

Досега повеќе екс министри на ДУИ се споменуваа како потенцијални осомничени за повеќе кривични дела но официјално нема никаква информација за судски прогон на екс висок претставник на партијата на Ахмети која повеќе од 22 години е на власт.

Најчитани статии

Вознемиреност во Мала Речица, екс министер на ДУИ добил кривична пријава