„Цврсто сме посветени на втората фаза од отворената битка против одгледување на канабис, да продолжиме напред и да ги ставиме позади решетки криминалните мрежи и елементи, и да го заплениме нивниот имот здобиен со криминална активност“, изјави албанскиот премиер, кои ги разреши досегашните први луѓе на албанските префектури.
Еди Рама ги назначи новите префекти кои во наредниот период ќе бидат на чело на 12 региони во Албанија.
Она што посебно паѓа во очи е тоа што сите нови префекти се поранешни армиски старешини, пренесува весникот „Илинден“ – Тирана.
За првпат за префект е именувана и една жена. Тоа е Сузана Јанолари, инаку прва жена-поручник во Албанија. Таа ќе раководи со префектурата во која спаѓа и главниот град Тирана.
За разлика од градоначалниците кои се избираат на непосредни избори префектите ги именува Владата. Премиерот Рама смените ги оцени како неопходни за спроведување на реформите.