Воените конфликти во светот може да го поскапат лебот, цената засега е стабилна

Воените конфликти во светот може да предизвикаат ново поскапување на лебот. Според ССК во моментов цената е стабилна и останува иста, но дали во Македонија ќе се пече поскап леб ќе зависи од цената на нафтата која во моментов на светските берзи стигна речиси и до 90 долари за барел, како и од цената на житото по жетвата во Украина.



, пренесува ТВ Алфа.

Секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат финалната цена, секогаш застануваме зад тоа .Цената на лебот ќе остане иста, стабилна е сега не знаеме што ќе се случува во однос на војната која директно се рефлектира на цената на нафтата, и не знаеме што ќе се случува во Русија и Украина, вели Горан Георгиевски од Агро – бизнис комора

Не само цените на светските берзи туку и висината на платите ќе има влијание на цените во претстојниот период, а од друга страна бизнисот претрпел големи загуби во текот на изминатите две години. Според комората , фокусот треба да биде на раст на домашното произоводство и на растот на економијата кој во 2023 беше само 1 отсто. Според ССК повисоките цени на одредени производи се логични затоа што Македонија е увозно ориентирана земја.

Имаше една изјава на Светска банка која е слична на нашите залагања, мислам не треба да се фокусираме ние колку цените можат да бидат евтини , туку да се фокусираме колку може нашата економија може да расте. Да видиме каква ќе биде жетвата на жито и каква ќе биде цената на житото, мислам дека ни треба здрава економска политика. Нашата економија не смее да продоцира 1 отсто раст, треба да биде 5-6 отсто, вели Трајан Ангеловски – претседател на ССК

Дел од цените пораснаа откако престана да важи мерката „ загарантирани цени“ , а регулација на пазарот се очекува дека ќе направи новиот закон за нефер трговски практики кој меѓу другото содржи и листа на 2500 производи кои ќе бидат со ограничена маржа. Од ССК сметаат дека од листата треба да се исфрлат одредени производи кои се во категоријата „луксузни“.