Членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц поднесе оставка од владата на Бенјамин Нетанјаху.



„Нетанјаху не спречува да одиме напред кон вистинска победа (во Газа)“, рече Ганц во телевизиската изјава вчера, во која го опиша напуштањето на владата како „сложена и болна“ одлука.

„Затоа ја напуштаме владата за вонредни состојби денес со тешко срце, но со цело срце“, рече тој.

Ганц – кој се смета за главен политички противник на Нетанјаху – рече дека се откажува осум месеци по нападите на Хамас на 7 октомври бидејќи „ситуацијата во земјат се промени“.

Тој го обвини Нетанјаху дека ги става своите лични политички интереси пред повоената стратегија за Појасот Газа, тврдејќи дека „судбоносните стратешки одлуки се одговараат со колебање и одолговлекување поради политички размислувања“ и го повика премиерот да распише избори во следните месеци.

„Го повикувам Нетанјаху: одреди датум за избори. Не дозволувајте нашиот народ да биде растргнат“, рече Ганц.

Одлуката на Ганц доаѓа по ултиматумот што му го даде на премиерот минатиот месец, повикувајќи го да подготви нов план за војната против Хамас до 8 јуни.

Се очекуваше Ганц да поднесе оставка во саботата, но го одложи објавувањето по веста дека израелските сили спасиле четворица заложници во операцијата во која, според властите во Газа, загинале повеќе од 270 Палестинци.

Неговата оставка доаѓа и покрај тоа што Нетанјаху го повика Ганц да остане:

„Бени, ова не е време да се откаже од кампањата – ова е време да се здружат силите“, му рече Нетанјаху на Ганц во објавата на X.