Измамите со телефони се многу присутни во последно време, а измамниците стануваат се повеќе и повеќе инвентивни. Во истовреме и измамите стануваат сè поопасни. Странските медиуми сега предупредуваат за нова измама која функционира така што повикот доаѓа од непознат број, по што глас, од друга страна, прашува „Can you hear me?“ или „Дали ме слушате?“



Поентата е дека хакерите го снимаат вашиот глас и одговорот „Yes“ или “Да”, за потоа да можат да го користат при купување и финансиски трансакции во ваше име, пишува Tportal. Овие таканаречени говорни потписи се користат во компаниите кои бараат од клиентите да ја потврдат промената на сметките или трансферите на пари. Иако ваквите измами се ретки во овој дел од светот, не се невозможни и важно е да се има предвид оваа ситуација, бидејќи наскоро сигурно ќе има обиди за вакви манипулации и овде.

Како да се избегне ова сценарио?

Не одговарајте на повици што доаѓаат од непознат број.
Ако стапите во контакт и некој ве праша вакво или слично прашање, веднаш прашајте за што се работи.
Можете и поинаку. Во прилагодувањата на вашиот телефон, повиците од непознат број автоматски пренасочете ги кон вашата говорна пошта и никако не откривајте ги личните податоци, па дури и ако тврдат дека работат за компанијата чии услуги ги користите.