„Дваесетгодишникот, кој ја усмрти младата Фросина Кулакова, минатата година бил ослободен од притвор со одлука од судијката Даниела Алексовска Стојановска, која, освен што го ослободила, како полнолетен го упатила во воспитно поправен дом. Тоа е истата судијка, која постапувала по предметот Талир 2 каде што низ политичко судски притисоци цел беше токму ВМРО ДПМНЕ како партија!“ – изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Петар Марков, од кого беше побаран коментар на партијата во врска со случајот со усмртената Фросина Кулакова.
Според Марков, СДС чини обид за нова злоупотреба на чувствата на граѓаните и креирање на нов случај „Нешкоски“. „СДС во недостиг на основи за објективна критика се обидува да користи несреќни случаи, заради дневна политика и за манипулација на чувствата на луѓето која на крај завршува со дополнителни разочарувања и трауми за семејствата.“ – нагласува Марков. Во овој контекст пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Марков потсетува и на случаите „Нешковски“ и „Младенов“, чија несреќа беше со години политички злоупотребувана, додека Венко Филипче и неговиот стопан Зоран Заев имаат заедничка одлика, која подразбира да не размислуваат на средствата, кои ќе ги употребат, а ги ставаат во функција на одвлекување на вниманието на јавноста од нивните криминали.
Васил Јованов, кој завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Ќулакова, управувајќи автомобил со брзина од дури 130 километри, ја покоси девојката додека одела пешки на булеварот Партизански одреди. Тој бил ослободен во 2024 година од притвор за дело поврзано со неовластена трговија со наркотици. Иако во моментот бил полнолетен, судот пресудил да биде упатен во воспитно-поправен дом за малолетници. Основниот кривичен суд Скопје потврдува дека таа пресуда ја донела судијката Даниела Алексовска-Стојановска. Таа 31 јули 2024 година му изрекла воспитна мерка – упатување во воспитно-поправен дом за малолетници, согласно Законот за правда на децата, при што ја укинала притворската мерка, овозможувајќи Јованов да се најде на слобода.
Обвинението од Основното јавно обвинителство било поднесено на 2 април, додека Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава само три дена претходно, откако при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин. Иако Васил Јованов бил полнолетен во моментот на вршењето на тоа кривично дело, судот пресудил дека треба да биде упатен во воспитно-поправен дом како „помлад полнолетник.“
Судијката Даниела Алексовска-Стојановска ѝ е позната на јавноста по тоа што го водеше случајот Талир 2 во кој донесе пресуда да се конфискуваат 30 штабови на ВМРО-ДПМНЕ, како и главното партиско седиште во центарот на Скопје.
Home Македонија ВМРО ДПМНЕ: Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го ослободи од притвор Васил Јованов, кој...



