Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвини екс-министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се обидува да „капитализира“ од упадот во собранието на 27 април, за кој беше „монтиран“ случај а настанот беше окфалификуван како „тероризам“.
Спасовски против најавите за помилување на лицата осудени за упадот во Соибранието на 27 април
„А, кога веќе Спасовски се одлучи давенички да прави капитал со настаните 27 април, тогаш нека одговори на едноставното прашање кој највеќе искористи со настаните на 27 април?
Кој направи влада после овие настани?
Дали за монтираниот судски процес не беше наградена Русковска и Кацарска?
Како Русковска пред време ги знаела пресудите за 27 ми април според јавните сведоштва изнесени во јавноста?
Дали мирно спие Спасовски со сознанието дека има драконски казни за дела кои не ги направиле?
Луѓето од 27 април не бараат милостина, ниту пак амнестија, туку правда, да не одговараат за делата кои не ги направиле, а им ги товарија и препишаа“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






