ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и СДС дозволија мафијашките банди да зајакнат и да се препукуваат низ Скопје, но ставаме ред во безредието!

Спасовски и СДС во текот на 8 години дозволија мафијашките банди толку да зајакнат што дословно се препукуваат низ Скопје. ВМРО-ДПМНЕ стави ред во безредието!“ – истакнува владејачката партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение по денешното убиство кај „Мавровка“ и по пукањето врз полицијата од страна на лицата, кои се обидувале да избегаат од неа со возило, по започнатите опсежни оперативни мерки за пронаоѓање  и фаќање на сторителите на убиството.



Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат во партиското соопштение, почна со санкционирање и институциите постапуваат побргу од кога било досега. Институциите, работат засилено и безбедноста ќе биде на повисоко рамниште одошто во времето на СДС. – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, мафијашките банди повеќе немаат заштита во институциите, како што ја имаа во времето на поранешниот министер за внатрешни работи на СДСМ Оливер Спасовски.