Законот за употреба на јазиците ќе се најде на собраниска седница во понеделник, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прекинува бојкотот и најави враќање во парламентот за да учествува во расправата по оваа точка од дневниот ред.
До 16 часот денеска, додека беше крајниот рок, од опозициската партија доставиле над 30.000 амандмани, јавуваат медиуми со забелешка дека целта веројатно е да се блокира донесувањето на Законот кој беше усвоен на 11 јануари во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ .
Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша указот за прогласување на Законот и го врати назад во Собранието со забелешки на текстот на цели 14 страници.
Според шефот на државата, со законот се воведува паралелизам во сите органи на државната власт што води кон нивна целосна блокада и нефункционалност и, како што пренесува Радио слободна Европа, и постои опасност да се отвори прашањето за уставното редефинирање и загрозување на унитарноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија.





