ВМРО-ДПМНЕ: СДС, преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери, се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол

СДС е директен учесник во криминалот со канцероген мазут тежок 167 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„На македонската јавност и е многу јасно дека за дебело да профитира нивната политичката и бизнис елита, СДС и ДУИ посегнаа и кон труење на граѓаните.Пуцко Петрол е омилена компанија од владеењето на СДС и ДУИ. Таа е фирма на син на омилениот пратеник на СДС од ДУИ, Исмаил Јахоски.

Седум години на власт, СДС се погрижиле династијата од Пласница енормно да го зголеми богатството, но за жал на штета на здравјето на граѓаните.Седум години Пуцко Петрол од СДС, како од централната, така и од локалната власт земал тендери тешки милиони евра, велат од ВМРО ДПМНЕ.