„СДС прави груба злоупотреба на трагедијата во Кочани со цел да добие политички поен плус. Безочна лага се обвинувањата на СДС дека институциите постапуваат под притисок на опозицијата. Сега институциите постапуваат професионално и неселективно, во однос на трагедијата во Кочани досега опфатени се голем број сегашни и минати функционери, а некои се и во притвор.“ – порачува владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.
Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец. МВР ги има обезбедено сите докази по кои постапува ЈО и превзема акции. Задача на Јавното обвинителство, врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена, е да ја одредат вината и да подигнат обвиненија за секој, за што сметаат дека на било кој начин е виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.
Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин, што имал допирна точка со предметот, не е изоставен и се е опфатено во документацијата. Доказ за тоа е сериозниот обем на документацијата, фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој кој можел да има вина.
Огромна е разликата од МВР сега и од МВР под водство на Спасовски и СДС. Спасовски и СДС беа опортунисти и секоја околност и ситуација ја искористуваа за извлекување сопствена полза и корист, или за теснопартиски интерес. Да не бидат дволични СДС и да кажат колку лица беа опфатени со истрагата за Модуларната болница, колку во Беса Транс и Ласкарци? Нула. Сега одговорност има за секој без разлика кој е и од каде е. – наведува ВМРО ДПМНЕ.






