СДС од бандите во Скопје направи тајкуни плаќајќи долг за изборите од 2016-та година кога истите тие бандити беа главни во штабовите на СДС низ Скопје.
За детали за ова упатуваме да си ги прашаат Зечевиќ и Спасовски кои со овие работи биле целосно во тек а бандитите работеа како нивна подружница се додека не станаа помоќни од нив, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС додека ги пие таблетите за заборавање не треба да мисли дека цел народ ги пие исто така. Народот памети, а посебно скопјани и посебно младите деца и родителите чии деца директно гледаат што се случува по скопските улици и како дрогата стана полесна да ја купиш од еден аналгин.
За се тоа СДС има директна одговорност. Бандитската љубов и должничко доверителски однос на врвот на СДС со дилерите рекетарите и убијците датира одамна, а кулминира во 2017та година и СДС најмалку што може да направи е да се извини на јавноста за соучесништвото во овие ситуации и немили настани.
На крај на денот нека си ги видат фотографиите на учесниците во сите престрелки до сега и ќе се потсетат на нивните заеднички седенки кога со нив кога со врвот на ДУИ чии измеќари беа и се уште се“ , се вели во соопштението.






