Пратениците од СДСМ и ДУИ да гласаат за продолжување на важноста за пасошите, а ако не, нека се откажат од дипломатските пасоши, со кои се привилегирани додека народот е затворен, бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и ДУИ заглавија над 1 милион луѓе во Македонија.
„Како нè затворија во конзерва“ откриваат пратениците Петрушевски и Лефков на ГП Делчево (ВИДЕО)
Пратниците на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски и Миле Лефков вчера со обичните пасоши не беа пуштени од страна на бугарските погранични служби на граничниот премин Делчево.
Но кога ги приложија дипломатските тогаш , од пограничната полиција им беше кажано дека имаат насоки само за обичните пасоши додека за дипломатските немаат добиено никакво известување и дека со нив можат слободно да влезат на територијата на Бугарија.
Од ВМРОИ-ДПМНЕ денеска обвинија дека СДСМ и ДУИ знаеле за рокот за промена на пасошите и со години молчле и не преземале акција.
„Напротив, две и пол години издавале пасоши за кои знаеле дека важноста ќе помине пред истекот на датумот впишан на самите исправи.
И СДС и ДУИ се комотни и не се вознемирени, затоа што додека народот е затворен во државата и му е оневозможено движење, тие како пратеници и државни функционери со дипломатски пасоши можат да патуваат каде сакаат, без разлика дали пасошите се нови или стари.
Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






