Home Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали го прифаќа условот од ДУИ за поддршка...

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали го прифаќа условот од ДУИ за поддршка во вториот круг

 

Откако Артан Груби синоќа кажа дека услов да даде поддршка на претседателските избори во вториот круг е во иднина претседател на државата да се избира во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ го прозва актуелниот претседател и кандидат за уште еден мандат да се изјасни за тоа.



„Стево Пендаровски како слуга, поддржувач и човек што се восхитува на Али Ахмети да каже дали за него е прифатлив овој услов за поддршка во вториот круг.

Пендаровски и СДС јасно да кажат дали ќе прифатат претседател на државата да се бира во собранието, наместо директно од народот“ велат од опозициската партија.

„Наместо да бега од одговори, очекуваме јасен став од Пендаровски, колку и тоа да е тешко за него.

Едноставно е – ќе го прифати или не условот на Артан Груби и ДУИ претседател на собранието да се бира во собранието“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.