„Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја, милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, кои се во тесна врска и со Филипче. Фирмата Зобек мининг група, која му купила ауди на Филипче, продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на кланот Заеви.“ – објави ВМРО ДПМНЕ.
Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јагленот исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија Гомасидра. Фирма на Заев е регистрирана на иста адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd).
Додека Македонија била во енергетска криза, а Заев и Филипче тврдеа дека немаат врска со државни тендери, правеле милиони на штета на државата и врз грбот на граѓаните. Од само еден тендер, милиони завршиле кај кланот Заеви и Филипче. Филипче да не молчи, да каже на јавноста која е неговата улога во тендерите со јаглен и кој е пазарот, па е награден со ауди Q8?
Одговорност за ваков скандал мора да има ЈО да поведе истрага и да реагира.






