ВМРО ДПМНЕ: Обвинителството да не молчи околу сомнежите за криминал и милионските суми, кои завршиле во бугарски фирми на Заев и Филипче!

„Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но Јавното обвинителство не смее да молчи и да затвора очи во врска со сомнежите за криминал и милионските суми, кои завршиле во бугарски фирми на Заев и Филипче!“ – реагира ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Помина веќе една седмица, откако ако ги покренавме прашањата за бугарската фирма Пауер Ај 8, која е 100% сопственост на Венко Филипче, и е на иста адреса со фирмите на Заеви, за три пати поскапата препродажба на јаглен од Грција на ЕСМ од 2022 до 2024 година, за најскапиот договор за јаглен, кој го склучила ЕСМ, а е по цена од 82.5 евра за еден тон со вкалкулиран ДДВ, со компанијата „Зобек мининг груп“.

Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое е поклон, а го возеше и во предизборната кампања и е од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ. Од Венко Филипче и СДС и понатаму молк. Дали Филипче и СДС немаат став или молкот е нивна стратегија со цел да се заборават скандалите тоа е нивна одлука. Но молкот на Филипче и СДС е потврда на сите поставени прашања. Колку и тие да молчат силно одекнаа скандалите на фирмите и шемите кои ги креирале со кланот Заеви и испумпале милионски суми врз грбот на народот кој плаќал повисоки сметки за струја.

Венко Филипче и СДС со години ја експлоатира државата и јавните интереси на граѓаните за свои лични цели и тесно партиски интереси.
Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви. За бизнисите во Македонија, Бугарија, соседството, Персискиот залив и Дубаи.

Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ЈО не смее да молчи и да затвора очи при очигледните сомнежи за милионски криминал, граѓаните ја знаат вистината. ЈО да не молчи и да покрене постапка за сите изнесени сомнежи во јавноста. – истакнува ВМРО ДПМНЕ.