Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека евентуалното повлекување на поднесените 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците би можело да има само ако биде повлечен сегашниот текст.
Мицкоски бара од мнозинството да демонстрира подготвеност да се изготви нов Предлог законот за употреба на јазиците, во чија изработка ќе биде вклучена и опозицијата и експертите,пишува Алсат М. Во спротивно, останува расправата по амандманите.
Собранискиот спикер, Талат Џафери, вчера преупреди дека разгледувањето на толкав број амандмани ќе ја блокира работата на парламентот со месеци.
Законот за употреба на јазиците кој беше изгласан на 11 јануари, а шест дена подоцна беше вратен од претседателот Ѓорѓе Иванов кој одби да го потпише и достави низа забелешки на текстот за кој смета дека не е во согласност со Уставот.





