ВМРО ДПМНЕ: Молчејќи за криминалот на Груби, СДС е на сигурен пат да ја снема, како што го снема и него!

Со нивното молчење СДС е на сигурен пат да исчезне и да ја снема, исто како што исчезна и го снема Артан Груби. Деновите изминуваат, но СДС не се извинува, поради тоа  што го остави Груби да краде и прави криминални дела, Затоа СДС губи се повеќе.– порача владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.



Натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува:  Единствени виновници и одговорни за криминалите на Артан Груби се СДС: иако го имаа Оливер Спасовски како министер за внатрешни работи за време на целиот период на владеење, ниту го спречија Груби, ниту поведоа постапка против него. СДС го имаа под нивна контрола и судството и обвинителство, но иако Артан Груби се најде на црната листа на САД за примање мито за влијание, преку одредени судии, врз судски одлуки, таквите информации не допреа до нив. Се до последните денови на нивната власт немаше никаков предмет или истрага против Груби.

Натаму, ВМРО ДПМНЕ посочува во своето соопштение: Судско обвинителската власт, како и МВР, кои треба да постават ред и поредок, како и правна држава, меѓу другото, во времето на нивното владеење молчеа за еден од случаите, кои сега веќе два месеци ја тресе македонската јавност, а тоа е Артан Груби. Веќе на сите им е јасно дека СДС свесно му дозволи на Артан Груби да краде и оти го сторија тоа, за да останат подолго време на власт. Да не беа СДС и нивната желба за останување ден повеќе на власт, немаше да биде можен криминалот на Груби и неговото пљачкање на државата. Со тоа што не се извинуваат, СДС само потврдуваат дека без нив Артан Груби немаше да ѝ се случи на Македонија.