ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение потсетува на „лажната скромност“ на екс-претседателот Стево Пендаровски, кој по престанување на мандатот, најпрво кажа дека не сака канцеларија која му следува по закон, за ден потоа експресно да побара.



„На 14 мај 2024 година од Кабинетот на Пендаровски изјавиле дека тој не сакал да користи канцеларија, туку повремено, но бидејќи таа можност не постои во иднина ќе земел.

Таа иднина очигледно веќе била на 15 мај, т.е. наредниот ден, кога Пендаровски побарал да му се дозволат средства за канцеларија.

Претседателот по закон му следува канцеларија, но лажната скромност и лицемерие на Пендаровски се одраз на неговиот манипулативен однос со граѓаните. Како што менуваше ставови од позиција на претседател, така менува и сега, што ќе каже денес, не важи и утре“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.