ВМРО-ДПМНЕ: Кој тоа заплашува со палење куќи!?

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува палењето на куќата на директорот на управата за извршување санкции Александар Пандов и повикува на итна и брз реакција од страна на институциите, се вели во партискто соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.



„Овој чин е обид за заплашување и замолчување на Пандов бидејќи изминатиот период јавно говореше за сите криминални дејствија што се случувале, а за кои тогашната власт и раководство се обиделе да ги затскријат.

Пандов е мета на напад бидејќи застана во отворена борба против криминалот и корупцијата. Криминалците повеќе немаат заштита од страна на власта. За ваквото девијантно однесување мора да има казна. Времето на палење куќи, автомобили, уцени и закани заврши, за секој одговорен и инволвиран во вакви настани ќе следува одговорност, истакнуваат од владејачката партија.

Правда мора да има“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов за запалената куќа: Нема да нè запрат и нема да нè поколебаат, никој не е над законот!