ВМРО ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат ДУИ и Асмир, синот на пратеникот Јахоски, доби само домашен притвор!

„Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и Асмир, синот на пратеникот Јахоски, заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра.“ реагира владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.



Во своето соопштение натаму ВМРО ДПМНЕ истакнува: Во изминатите седум години власт на СДС јавноста беше сведок како фирмата на синот на омилениот пратеник на Филипче од ДУИ Јахоски ги снабдуваше најголемиот дел од јавните институции со мазут. Увезениот мазут според јавно достапни податоци е канцероген што значи опасен по здравјето на граѓаните.

Преку спрегата СДС-ДУИ, правосудство и мазут-мафијата во време на минатата власт масовно се труеја граѓаните, а криминалците од овие партии на сметка на здравјето профитирале 167 милиони евра. Јавно достапните информации говорат дека во периодот на Владата предводена од СДС, кога премиер е Зоран Заев и Венко Филипче министер за здравство, во декември 2021 година со буџетски пари направена е набавка на канцероген мазут во вредност од 15 милиони евра.

Спрегата на СДС со правосудството е повеќе од очигледна. СДС уште слугува и е помал коалиционен партнер на ДУИ, па така преку нивните инсталации во правосудството ги штити нивните луѓе. Инсталациите на СДС во корумпираното правосудството, кога на дел од првообвинетите им определиле мерка притвор, за Асмир, синот на пратеникот Исмаил Јахоски, донесоа одлука да го пушти во куќен притвор.