„Како СДСМ и ДУИ работат може да се види по 2 километри ветен автопат од Скопје кон Блаце кој со години никако да го направат.



7 години власта не може да го заврши автопатот Кичево–Охрид“, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по Извештајот на Државниот Завод за ревизија за работата на ЈП државни патишта во 2022 година.

Во извештајот се вели дека недоволна подготвеност при планирање, проектирање, градење и реконструкција на патни делници низ државата, предизвикува зголемување на вредноста на склучените договори и пролонгирање на рокот за изградба или реконструкција на делниците

Понатаму ДЗР констатира утврдува дека има неправилности во начинот на управување и евидентирање на залихите на материјали и ситен инвентар. Едноставно кажано власта краде и од залихите на претпријатијата.

Каде завршиле залихите на ЈП Државни патишта за кои ДЗР утврдило дека недостасуваат?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ со констатација дека „нема сегмент во кој власта не прави криминал“.