СДС да не прави политички маркетинг од трагедијата во Кочани. Законот за Кочани е гол популизам и политичко глодарство на СДС, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.
„Филипче замина на одмор, од грчките плажи и од песочната палма од Дубаи пишува статуси за законот за Кочани.
Лицемерни и срамни се фејзбук статусите на Филипче да глуми загрижен и пишува статуси за трагедијата во Кочани додека одмара на песочните плажи со парите на народот.
СДС да не прави политизација на трагедијата во Кочани, и да не се обидува да печали политички поени врз туѓата несреќа.
Предлог-закон на СДС е делумно неприменлив, делумно влегува во колизија со сопствените одредби, а делумно се преклопува со постоечки законски права. Тоа укажува дека станува збор за документ кој повеќе служи за политички маркетинг отколку за вистинска поддршка“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оа партијата додаваат дека, предлог законот на СДС за Кочани експлицитно ги фаворизира настраданите од одредени настани, игнорирајќи други слични трагедии. СДС да не обидува да ја злоупотреби болката на тие семејства за дневно-политички цели.
Предлог законот на СДСМ предвидуваше:
*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета
*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен
*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт
*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии
*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака
*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор
*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година
*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата
*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место
*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет
*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите
*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)






