„Забега и Пендаровски од СДС, се сврте против САД. Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДС, поранешниот претседател на државата, предложен од СДС, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДС против САД, стратегискиот партнер на Македонија.“ – реагираше владејачката македонска партија ВМРО ДПМНЕ.
Натаму во своето соопштение ВМРО ДПМНЕ истакнува: СДС си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава. Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната политика лажеле дека САД е стратегиски партнер, или дека сега целосно забегале.
Стево Пендаровски уште еднаш ѝ покажа на јавноста дека е само аналитичар, поточно импровизатор и озборувач. Во своето појавување во јавноста по десет месеци, откако беше сменет од граѓаните, почна да раскажува приказни и да озборува, да се занимава со рекла-кажала муабети. Не само што се занимава со озборување, туку влезе и во зоната на недозволено однесување кога станува збор за дипломатија и меѓународна политика.
Пендаровски од СДС говореше дека разбрал за време на средби со дипломати што се зборувало со владини претставници, кое е национален интерес на Македонија. Со ова Пендаровски од СДС влезе и во сферата на откривање државни позиции. Исто како неговата СДС и Пендаровски треба да се освести и како поранешен претседател да престане да се однесува како личност, која озборува.
Ако СДС и Пендаровски не ѝ помагаат на Македонија, барем нека не ѝ одмагаат! – порачува ВМРО ДПМНЕ во св оето соопштение.





