ВМРО-ДПМНЕ прашува дали 180.000 евра кои биле изрекетирани од бизнисмен требало да завршат кај Асаф Еисин? Според партијата ова се случува во време кога на големо се гледа како се злоупотребувала Агенцијата за разузнавање на Еролд Муслиу за фалсификување документи против ВМРО-ДПМНЕ, а за потребите на црната кампања на Асаф Еисин во корист на Пендаровски, Ковачевски и Зечевиќ. Наводите во соопштението на ЈО дека лицето лажно се претставувало и изрекетирало 180.000 евра се само врвот на сантата мраз, реагираат од партијата.
– Кој бизнисмен ќе даде 180.000 евра на некој што лажно се претставувал? Вистинското прашање е во чие име се претставувал и дали се користел со имињата или можеби и некои постапки на директорот на АНБ Заре Милошевски, и Миле Зечевиќ кој е главен посредник во аферата со Асаф Еисин, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






