ВМРО-ДПМНЕ: Груби земал мито да влијае врз судски процес

Корупцијата, партизацијата, непотизмот, кронизмот како и протекционизмот цветаа во време на СДС и ДУИ, додека довербата во судскиот систем беше 2 %, а владеење на правото и правдата за СДС и ДУИ ниту како поим не постои.



Доказ за тоа е Артан Груби, тоа го кажува објаснувањето на Американскиот Стејт департмент за неговото ставањето на црната листа. Груби влијаел врз судски процес и за тоа земал мито, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби ја користел позицијата на вицепремиер и висок функционер на ДУИ, за лично да се богати од мито и корупција.

Таквото делување е синоним за начинот на работа на СДС и ДУИ. Делувањето на СДС и ДУИ и нивната борба за власт под превезот за демократија, владеење на правото и правдата е всушност борба на СДС и ДУИ за заштита на нивните функционери од криминалните активности и заштита на крупниот криминал стекнат на коруптивен и криминален начин.

СДС и ДУИ се разоткриени, за таквото делување одговорност мора да има.

Времето на „како до сега’’ заврши“ се вели во соопштението од владејачката партија од каде порачуваат дека  „време е за сериозна борба против криминалот и корупцијата“.

 

.